На 23 септември во галеријата Ко-Ра отворање на изложбата „Чувства и движење“

Од:

На 23-ти септември, во 20 часот во Галеријата Ко-Ра, Дом на Градежници, Кочо Рацин, ќе биде отворена изложбата „Чувства и движење“ на ликовниот уметник Владимир Илиевски.

На изложбата ќе бидат претставени досега неизложени цртежи настанати во изминатите неколку години.

Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 година реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија).

Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р.Бугарија, Р. Србија.

Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“