На 15-ти март „Риголето“ во МОБ

Од:

На 15 март 2019, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена „Риголето“, едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта, великанот Џузепе Верди.

„Риголето“ на Џузепе Верди е драма на човечкиот живот која јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста…

Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“, „Риголето“ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и (“La Donna è mobile”), и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер – Нина Најденова од Бугарија, сценограф – Живојин Трајановиќ, костимограф – Марија Пупучевска, кореографи Саша Евтимова и Киро Павлов.

Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров.

Би можело да ве интересира

Мицко Дамњановски – нов уметнички раководител на Операта

Ана Ололовска

„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во НОБ

Ана Ололовска

„Најголемите хитови“ – традиционален василичарски концерт во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт и „Болеро“ во НОБ

Ана Ололовска

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ

Ана Ололовска