Музејот за ретки минерали во Пробиштип треба да биде изграден до крајот на мај

Од:

Во рударскиот град Пробиштип деновиве интензивно се гради регионалниот Научен музеј за ретки минерали. Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов изјави дека музејот ќе биде и единствен во државата. Изведувачот на градежните работи има рок до 31 мај да го изгради музејот.

-Со подобрување на временските услови изведувачот интензивно работи на објектот. Збирката со над 250 експонати наскоро ќе добие свој оригинален простор, а општина Пробиштип ќе ја збогати својата автентична туристичка понуда, рече Анастасов.

Богатата збирка од ретки минерали се чува во Домот на културата „Злетовски рудар“. Инвестицијата чини 9,2 милиони денари, од коишто 60 отсто се обезбедуваат преку Бирото за рамномерен регионален развој, а останатите се од буџетот на Општина Пробиштип.

Музејот на ретки минерали треба да биде дел од туристичката понуда на Пробиштип кој на туристите им го нуди преубавото и живописно село Лесново, потоа старата населба Злетово, каде што се уште работат познатите злетовски грнчари и ги изработуваат македонските бардаци, глинeни тави, котлиња и најразлични сувенири.

Овој Музеј на ретки минерали предвидено е да биде и едукативен центар за студентите на факултетите по рударство и геологија. Проектот е од регионален карактер и ќе овозможи поголем развој на туризмот во Источниот плански регион.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон