Музејот на Град Скопје го одбележува Меѓународниот ден на музеите 18-Мај.
По тој повод е отворен за посетителите кои ќе може да се вклучат во музејско-едукативни работилници кои ќе се одржат на тема „Скопје 63“.
Покрај работилниците, ќе бидат проектирани краткометражни документарни филмови со теми поврзани за Скопје и земјотресот од 1963 година.
По повод Денот на музеите за посетителите ќе биде отворен и Музејот на старата скопска чаршија Сули ан.