Мурали по повод 75-годишнината од ослободувањето на Скопје

Од:

По повод 75-годишнината од ослободувањето на Скопје тим на Урбаните Уметнички акции и Центарот за современи уметности ги уреди елементите околу Универзална сала.

„Драго наше Скопје, ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските голуби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома.

Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации скопјани!“.

„Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода!“, велат во соопштението.

Акцијата за уредувањето на елементите околу Универзална сала е подарок за градот и граѓаните на Скопје по повод 75-годишнината од ослободувањето на Скопје од тимот на Урбаните Уметнички акции и Центарот за современи уметности. Муралите се дело на еминентните ликовните уметници од средната генерација Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески