МТФ „Водан Чернодрински“ за одржување на јубилејното 55-то издание ќе чека подобри времиња

Од:

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој требаше да почне денеска и да го одбележи, со врвни претстави и гостувања од странство, својот голем јубилеј, 55-години постоење, ќе чека подобри и стабилни времиња. Собранието на Фестивалот, како последен термин за одржување, ако се стабилизираат состојбите, го споменува 25 септември, или- јубилејот да се слави догодина.

Традиционално, Фестивалот почнуваше во првиот петок од јуни и се одржува една недела.

Според Катарина Коцевска, претседател на Собранието на Фестивалот на седницата која се одржала деновиве се одлучило, доколку дозволат здравствените услови и доколку има можности, да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилејот ќе се прославува догодина.

-Во услови на пандемија, невозможно е да се прават планови за вакви реномирани манифестации со огромен број публика, со бројни актерски екипи на сцената. Никој не може да знае како ќе се одвиваат состојбите. Но, на Собранието на Фестивалот, кој го сочинуваат директорите на професионалните театри од земјава, донесовме одлука – ако, и само ако, дозволат состојбите и државните уредби, Фестивалот да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилеите ќе мора да ги славиме догодина, вели Коцевска.

Останува концептот за јубилејното издание на најреномираната театарска манифестација во земјава. Наместо фестивалска селекција, секој од 16-те професионални театри да ја предложи најдобрата претстава од својот репертоар. И сѐ во чест на јубилејот и на театарската уметност која, нагласува Коцевска, ги преживеала сите премрежја повеќе од два милениума.

Би можело да ве интересира

Пет награди за Драмски театар на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ вечерва на фестивалот во Прилеп

Ана Ололовска

МТФ „Војдан Чернодрински“ со разговори на тркалезната маса и две нови претстави во официјалната програма

Ана Ололовска

Ден на независната продукција со претстави по текст од македонски автор на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

„Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп, во чест на Коле Чашуле – авторот во фокус на МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Ана Ололовска