„Мразам playback“ изложба на фотографии од Никола Јовановиќ

Од:

Во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, на 3 март со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата на фотографии од Никола Јовановиќ насловена „Мразам playback“.

Изложбата е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко. На изложбата ќе бидат претставени 25 фотографии од музичари и бендови во период од крајот на 2020 до почетокот на 2023 година. Со кратка и јасна порака „Мразам playback“.

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век. Изложбата „Мразам playback“ е посветена на неговиот повеќегодишен ангажман во полето на музиката. Ќе бидат изложени 25 фотографии (колор и црно-бели) од крајот на декември 2020-та година па се до февруари 2023-та година. На изложбата ќе бидат поставени фотографии од млади бендови и музички настани на кои настапувале истите, портрети на млади музичари.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“