Монодрамата „Прво лице еднина“ вечер во дворот на кумановскиот театар

Од:

По петмесечна пауза, во дворот на Театар Куманово вечер во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Прво лице еднина“ во режија на Драгана Гунин, и во изведба на актерката Владанка Димковска. Само 25 гледачи ќе можат да ја проследат претставата што премиерно беше прикажана лани во кумановскиот театар.

– Првпат по пет месеци организираме претстава на отворено со почитување на сите протоколи за физичка дистанца. Театарот ќе обезбеди средства за дезинфекција, а посетителите ќе мора да носат маски. Преставата помина исклучително добро минатата година и беа посетени сите изведби, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Текстот е на Димковска, работен по мотивите на „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“ од Елена Фавили и Франческа Кавало. Монодрамата зборува за жената, за животот, храброста, бунтовноста.

Проектот лани беше е финансиран од Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска