„Мојот универзум“ изложба на слики од Агрон Абдули

Од:

На 20 септември во Културно-информативниот центар – Скопје ќе биде отворена изложбата на слики од Агрон Абдули насловена „Мојот универзум”.

dobivaj vesti na viber

Агрон Абдули е роден 1971 село Џепчиште, Тетово. Дипломирал во 1999 година на Факултетот за ликовна уметност, на Универзитетот во Тетово, насока сликарство, во класата на проф. Тахир Емра. Постдипломските студии ги завршил во 2002 година кај истиот професор на Факултетот за уметност, при Универзитетот во Приштина.

Работи како професор на Факултетот за ликовна уметност, на Универзитетот во Тетово.

Има учествувано на повеќе групни изложби во земјава и странство. Самостојно излагал во Македонија, Косово, БиХ и Франција.

Изложбата ќе биде отворена до 30.09.2022 година.

Би можело да ве интересира

„Отпорност“ – изложба на фотографии од жени кои инспирираат промени

Отворање на изложбата „Без дистанца“ Куманово

Ана Ололовска

Изложбата „Уметноста како трансформирана реалност“ на Берат Беќири, Астрит Реџепи и Улбер Даути во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Во галерија „КО-РА“отворена изложбата фотографии на Драги Неделчевски, познат и наградуван фотограф од Тетово

Ана Ололовска

Изложба „Карпино 2022“ во Куманово

Дритон Селмани со самостојна изложба во МСУ – Скопје

Ана Ололовска