МНТ во недела ќе ја одбележи годишнината од работата во новиот објект

Од:

По повод одбележувањето на една година од работата во новиот објект, Македонскиот народен театар(МНТ) во недела ќе приреди целодневна програма, во рамките на која ќе се одржи голем театарски маратон.

Централен дел од маратонот ќе биде големиот концерт, насловен „МНТ и пријателите“ закажан за 21.30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од насамблот на МНТ и актери гости од други театри.

Влезниците за секоја претстава и концертот се со симболична цена од 50 денари.

Првата година на МНТ во новиот објект ја одбележаа повеќе од 150 претстави кои ги проследиле околу 83.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора