МНТ со „Само глас“ гостува на фестивалот Јоакимфест во Србија

Од:

МНТ со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак во втората недела на октомври ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал Јоакимфест во Крагуевац во Србија.

Фестивалот опстојува 15 години. Поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт, а денес, како што соопштија од МНТ, станува збор за фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстави, се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално туку и во поширокиот регион.

-Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики. Особено инспирира да се учествува на фестивал што ги негува естетските вредности, софистицираноста, а во исто време е и општествено одговорен, и се справува со горливите проблеми и феномени од времето и светот во кој живееме, посочија од МНТ.

Инаку, ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ, надвор од границите од нашата држава.

Домаќин и организатор на фестивалот е Кнежевско-српскиот театар, Крагуевац. Следната изведба на матичната сцена во МНТ е закажана за 20 октомври.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска