МНТ со претставата „Животот е прекрасен“ гостува во Народно позориште во Белград

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, а во режија на Александар Морфов, на 8 декември ќе гостува на сцената на Народното позориште во Белград. Гостувањето се реализира во рамките на билатералната соработка меѓу двете театарски куќи.

Премиерата на претставата се одржа на 10 април 2016 година на големата сцена во Македонскиот народен театар.

Оттогаш, покрај изведбите на репертоарот на матичната сцена, „Животот е прекрасен“ патува и надвор од границите на државата. Во 2017 година гостуваше во Хрватското народно казалиште, потоа на 41. Денови на сатира во организација и реализација на Сатиричниот театар Керемпух, Загреб, како и на театарскиот фестивал МИТЕМ во Унгарија во 2017 година, соопштија од МНТ.

Во актерската екипа се Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Благој Веселинов, Александар Ѓорѓиевски, Александар Михајловски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска и оркестарот „Раскрши се“.

На визуелниот дел на претставата работеа уметници меѓу кои Никола Тороманов, сценограф, Марија Пупучевска, костимограф и Инга Красовска, кореограф.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ