Младите заинтересирани за изложбите на МСУ, едукативната програма ќе продолжи во 2020

Од:

Музејот на современата уметност-Скопје (МСУ) еден месец организираше едукативна програма со кураторски тури наменети, пред сè, за средношколци и студенти, но и за сите посетители. Нив ги реализираше кустос Бојана Јанева-Шемова заедно со Виолета Савевска.

Тие се задоволни од големата посетеност на турите чија цел била, како што велат, „темелно да се обучува погледот на надоаѓачките генерации како да ја восприемат уметноста, нивна постепена едукација за вистинскиот систем на вредности“.

За организирањето на турите Јанева-Шемова била поттикната од разновидноста на изложбите што во изминатиот период ги нуди МСУ, како и од изложбата на Никола Радуловиќ која, како што вели, била вистинско освежувањепоради концизноста на концептот и активното вклучување на публиката.

-Насочена бев кон средните училишта и факултети, но се понуди и активно кураторско водење за сите групи посетители во музејот. Покрај изложбата на Радуловиќ, тековни во овој период беа и изложбата на фотографии „Баухас“ од Жан Молитор, изложбата „Третата страна на стварноста“ со дела од музејската колекција поставени во современ концепт од независната кураторка Ивана Васева, како и изложбата „Скопје, одново“, реализирана со кураторки од МСУ и MоМА од Њујорк, која ќе биде отворена и во наредните два месеца. Задоложително во кураторските водења на изложбата е вклучена и историјата за настанувањето на музејот, огромното значење на неговата колекција на уметнички дела, како и податоци околу впечатливата архитектура на овој објект од културата, истакнува Јанева-Шемова.

Поради големиот интерес од ученици и студенти, едукативната програма на МСУ ќе продолжи и во 2020 година. х

Би можело да ве интересира

Момче оштети слика на Пикасо вредна 20 милиони фунти

Татјана Ташкова

Шестоодделенка е најмлад уметник за тетоважи во Сингапур

Татјана Ташкова

Етнолошкото наследство запоставено, музејот одбележа 70 години

Ана Ололовска

Иваноска со изведувачкиот перформанс Лесна_Акумулација на капитал, Прља со Субверзија во црвено и Јовановиќ со Протестен споменик

Ана Ололовска

Наградени најдобрите уметнички дела создадени од амбалажен отпад

Ана Ололовска

Откриена спомен – бистата на Мартиноски во Букурешт

Ана Ололовска