Младите од Вевчани ги изучуваат тајните на традиционално изворно пеење

Од:

Во рамки на Фестивалот за народна култура „Пображење“ што се одржува во Вевчани како содржина е вметната и работилница за традиционално изворно пеење предводена од доц. д-р. Велика Стојкова-Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје.

Работилницата има за цел да ги запознае младите со особеностите и спецификите на традиционалното изворно пеење и да претставува поттик за негово негување, презентирање и пренесување низ генерациите.

Стојкова-Серафимовска изрази задоволство што има можност да ја води работилницата на место какво што е Вевчани, каде традиционалното изворно пеење е живо и каде се негува и пренесува од генерација на генерација.

– Вевчани е едно од ретките места во Македонија каде песнопојната традиција живее. Вевчанските Лазарки се пример за тоа. Токму лазарското пеење во Вевчани се обработува овие денови во првиот дел на работилницата, а во вториот дел обработуваме изворни традиционални песни од други краишта на Македонија со цел да можат учесниците на оваа работилница да се запознаат и со други песнопојни традиции и начини на пеење, како дел од нашето богато и разнолико нематеријално културно наследство, изјави таа.

Вевчани деновиве живее за фоклорот. Во рамки на втората фестивалска вечер на „Пображење“ на Големата летна сцена во селото ќе настапат КУД „Керамичар“ од Велес, ХКУД „Железничар“ од Загреб, ФА „Стропковчан“ од словачкиот град Стропков, Ансамблот „Магура Цодлеа“ од Брашов – Романија како и КУД „Млади рудар“ од Добрња, БиХ.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски