Младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ ќе настапи на „Скопско лето“

Од:

На претпоследниот ден од годинашната фестивалска програма, „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Сули ан ќе организира концерт на Младинскиот камерен оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ на Музичката младина на Македонија.

Диригент на концертот е Олег Кондратенко, а како солисти ќе настапат виолинистката Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски. Од Дирекцијата на фестивалот соопштија дека алтернативен простор во случај на невреме ќе биде Музејот на македонската борба. Влезот за посетители е слободен.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) е основан во 1986 година како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид. Ансамблот е составен од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје и од гости и млади музичари од други земји.

Оркестарот има реализирано повеќе од стотина концерти. Покрај класичен репертоар, изведува и современи дела, вклучително и од македонски автори. Има остварено повеќе телевизиски и радиоснимки, како и сопствена ЦД-продукција.

Завршниот концерт на Летната сесија на оркестарот е постојан дел на програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во изминатите десет години и на манифестациите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.

Би можело да ве интересира

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022

Претставата Во детската соба на ТДМ на „Скопско лето“

Отворање на Скопско лето 2022

Ана Ололовска

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска