МКЦ задутре ќе ја отвори сезоната со „Роденден на уметноста“

Од:

Младинскиот културен центар в сабота, 18 јануари, ќе ја отвори новата сезона со манифестацијата „Роденден на уметноста“ што ќе ја организира осми пат.

Ќе има неколку настани кои ќе почнат во 18 часот со детска работилница „Играј со светлината“ со Доротеј Нешоски, Нина Максимова и Дени Стојанов.

Во Планетариумот кој е во состав на МКЦ ќе има предавања за астрономијата – од 18 часот за деца до 12 години, а од 19.20 и од 20.40 часот за возрасни.

Во кино „Фросина“ од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Македонска сага“ од Сунчица Уневска, во која се содржани рецензии за македонски филмови од осамостојувањето на државата до денес што своевремено ги пишувала авторката – новинарка и филмска критичарка.

Ќе бидат отворени и две изложби – на Марина Убавкова од 20 часот во Галеријата на МКЦ и изложба „Мали хумани иновации“ на студентите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет – во Галерија 2 од 20.30 часот.

Во 21 часот во „Фросина“ е најавен настанот на Импров група „Настап“, а музичка програма ќе има од 20 часот до полноќ во „Ап(о)тека“, сала „25 Мај“ и бифе на МКЦ.

Би можело да ве интересира

Медена оскаровска ноќ во „МКЦ“

Драган Поповски

Концертна промоција на ново издание од PMG Recordings

Ана Ололовска

Роденден на уметноста во Младинскиот културен центар

Концертна промоција на деби албумот на рок групата „Lincoln Letter“

Ана Ололовска

Жбогар и Жерновски: Чекориме заедно со младите европјани

Премиера на „Орестија 1/4“ во МКЦ

Ана Ололовска