Мирјана Карановиќ пристигна во Битола

Од:

Во Битола попладнево пристигна врвната српска и ексјугословенска актерка Мирјана Карановиќ. Во хотелот „Епинал“ таа беше пречекана од директорката на фестивалот „Браќа Манаки“ Лабина Митевска.

Во Битола дојде за денеска и утре да учествува на  работилницата за пишување сценарио „Сценаристичко катче Манаки 2013“, каде што  ќе го претстави и развие своето сценарио со наслов „Добра сопруга“.  Карановиќ утре од Битола ќе оди во Загреб на едномесечно снимање филм.

Мирјана Карановиќ е позната по филмовите „Татко на службен пат“ на  Емир Кустурица и „Грбавица“ на Јасмила Жбаниќ. Има глумено и во „Буре барут“ на Горан Паскаљевиќ, „Јагода во супермаркетот“ од Душан Милиќ, „Андерграунд“ на Кустурица, „Сведоци“ на Винко Брешан.

Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип. Работи како професорка по глума на Српската академија на уметностите.

Сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ е понов проект на Интернационалниот фестивал на филмска камера  чија цел е да ги потпомогне и обучи филмските автори.

Покрај „Добра сопруга“ на Карановиќ,  за работилницата се селектирани  и проектите „Зукерзеим“ на Саулиус Друнгал од Литванија, „Црна игла“ на Иван Мариновиќ од Црна Гора и сценаријата на тројца македонски автори – „Скриена камера“ на Томи Алексов,  „Септември“ на Даријан Пејовски и „Крани“ на Ѓорче Ставрески. Еден учесник на сценаристичкото катче ќе биде награден со 1.500 евра. Во оваа програма досега десетина проекти се развиени во филмови од кои два се реализирани.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ