Мирјана Карановиќ на сценаристичкото катче „Браќа Манаки“

Од:

Српската актерка Мирјана Карановиќ ќе учествува на сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ 2013 што ќе се одржи на 18 и 19 септември во Битола. Таа ќе го претстави и развие своето сценарио под наслов „Добра сопруга“.

Карановиќ е позната по филмовите „Татко на служен пат“ од Емир Кустурица и „Грбавица“ на Јасмила Жбаниќ. Има глумено и во „Буре барут“ на Горан Паскаљевиќ, „Јагода во супермаркетот“ од Душан Милиќ, „Андерграунд“ на Кустурица и „Сведоци“ на Винко Брешан. Критичарите ја нарекуваат најголемата балканска актерка на сите времиња и често ја споредуваат со Мерил Стрип. Работи како професорка по глума на Српската академија на уметностите. Во Битола доаѓа со желба да научи повеќе околу техниката на пишување сценарија.

Сценаристичкото катче „Браќа Манаки“ е понов проект на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ чија цел е да ги потпомогне и обучи филмските автори. На годишната работилница селектирани се уште и проектите „Зукерзеим на Саулиус Друнгал од Литванија, „Црна игла“ на Иван Мариновиќ од Црна Гора, „Скриена камера“ од Томи Алексов во Македонија, „Септември“ на Даријан Пејовски од Македонија и „Крани“ на Ѓорче Ставрески од Македонија.

Еден учесник на сценаристичкото катче ќе биде награден со парична награда од 1.500 евра што ќе ја додели директорот на Филмскиот фонд на Македонија, Дарко Башевски.

Досега, десетина проекти во рамки на оваа програма се развиени во филмови од кои два се реализирани, а еден ќе ја има премиерата на годинашниот „Браќа Манаки“.
Инаку, 34. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември во Битола. Ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов. Добитник на „Златната камера 300“ за животно дело за 2013 е шпанскиот кинематограф Хосе Луис Алкаин, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ