Министерството за култура се оградува од соопштението на Агенцијата за филм во врска со истрагата на Антикорупциска

Од:

Министерството за култура денеска преку соопштение, најостро реагира на соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, дистрибуирано до медиумите на вчера од страна на нивната ПР агенција „ Навигаторс“.

-Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор. Воедно со соопштението јавноста е донесена во заблуда бидејќи иницира дека содржината на истото е подготвена и проследена во соработка и со согласност на Министерството за култура, се посочува во соопштението.

Воедно, се наведува дека Министерството за култура, односно Секторот за управен и инспекциски надзор не е орган кој наложува запирање на истрага која е предмет на работата на друг надлежен орган – Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Информираме дека Секторот за управен и инспекциски надзор, Записникот од извршен вонреден инспекциски надзор со наод на утврдената фактичка состојба во Агенцијата за филм го достави до Државната комисија за спречување на корупцијата на натамошно постапување согласно нивните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои во соопштението од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби