Министерство за култура: Обвинувањата за цензура ги сметаме за несериозни, тенденциозни и неосновани

Од:

Денешната прес-конференција на претседателот на Советот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски не е ништо друго, освен уште еден очајнички обид на неговата партија да го дефокусира вниманието на јавноста од досегашното успешно спроведување на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија.

Напоменуваме дека реализацијата на проектот кој го споменува Алаѓозовски нема никаква врска ниту со Министерството за култура, ниту со министерката за култура. Обвинувањата за некаква цензура и селективност од страна на Министерството за култура ги сметаме за несериозни, тенденциозни и неосновани, а потврда за тоа се средствата во висина од 4,2 милиони денари со кои Министерството за култура веќе 8 години, континуирано ги поддржува проектите на Роберт Алаѓозовски. Што се однесува до циничните забелешки на СДСМ дали посочените случувања се дел од досегашната имплементација на Националната стратегија во областа на културата, ќе посочиме дека Алаѓозовски и неговата партија СДСМ и понатаму, свесно, со подбив и непочитување се однесуваат кон културата и македонските уметници. Нивниот негаторски однос кон овој важен стратешки документ, за прв пат изработен во културното живеење на независна Република Македонија, јасно укажува на нивното непознавање на културата и упатува на една ограничена перцепција за културата и нејзините вистински вредности.

Роберт Алаѓозовски и СДСМ немаат право да зборуваат за уметниците и културата. Нивниот индиферентен однос кон културата го покажаа за време на своето владеење, во кое не беше реализиран ниту еден значаен проект од оваа област.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија