Министерот Исмаили на првата опера на албански јазик „Скендербег“

Од:

Министерот за култура Хусни Исмаили синоќа присуствуваше на премиерата на првата опера на албански јазик „Скендербег“ во Националната опера и балет, напишана од композиторот Фатос Лумани.

-Поставувањето на операта „Скендербег“ на сцената на Националната опера и балет се реализира со поддршка на Министерството за култура, соопшти ресорното министерство.

Операта „Скендербег“ е нарачана за 550 години од смртта на историскиот Ѓерѓ Кастриот и требаше да биде изведена минатата година. Операта е во два чина – првиот го опфаќа животот на Скендербег во Турција, а во вториот неговото враќање во родната Круја.

Настапија солисти Албанци од земјава, Албанија и од Косово, а насловниот лик го играше Армалдо Клоѓери.

Режисер на оперската претстава е Чендрим Ријани, кореограф Артан Ибершини, а диригент Олси Ќинами. Костимите ги изработи Марија Пупучевска. Во изведбата учествуваа хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ