Милосављевиќ: Македонскиот театар е богат со широк дијапазон на актерски и режисерски остварувања

Од:

На 54. Македонски театарски фестивал видов богат, сериозен македонски театар, ни изјави театарскиот критичар од Србија Александар Милосављевиќ кој на покана на фестивалот целосно ја следеше програмата и театарските претстави на македонските ансамбли. Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечер со доделувањето на наградите и со претсавата во чест на наградените ќе го заврши 54-то издание на фестивалот кој траеше од 7 до 15 јуни.

Според театарскиот критичар Милосављевиќ посебно задоволство е што имал можност првпат во континуитет да ја следи продукцијата на македонските театри.

–На Фестивалот, по подолго време, имав прилика во континуитет да гледам претстави на Македонскиот театар. Имав прилика и да учествувам во овие разговори на тркалезната маса, а никој не барал од мене да говорам, па приликата ја доживеав како некој кој доаѓа одстрана и не е вовлечен во инфраструктурата на театарскиот живот, со привилегија на растоварен да ги гледам сите претстави. Ги видов осумте претстави и имам впечаток дека уметничката директорка сакала да ја покаже таа слоевитост и разноликотста на претставите кои го сочинуваат корпусот на Македонскиот театар во овој момент. Не навлегувам во тоа дали се одбрани најдобрите или некоја подобра изостанала од Фестивалот, но видов и големи сценски спектакли, видов и камерни претстави, видов политички театар во буквалната смисла на зборот, но и политички театар завиен со сериозна естетика и со сериозен режисерско-драматуршки пристап. Видов широк дијапазон на актерски и режисерски остварувања, резултат на студиозна театарска работа, видов сериозна игра на ансамбл, што и да значи тоа, видов како актерите „дишат“ едни со други, рече тој.

Додаде дека од сето тоа видел сериозен богат театар и упати честитки, нагалсувајќи дека како и во регионот, и во земјава театарот се соочува со беспарицата, но тоа не е причина да се доведе во прашање театарската уметност.

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ по 20-ина години ги врати разговорите на тркалезната маса на критиката и на публиката што беше поздравено, а првпат годинава ќе се додели награда од публиката која гласаше за претставите.

Фестивалот го следеа театарски критичари и од Љубљана, Словенија и од Ниш и Белград, Србија.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска