Мицкоски: Македонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, ќе го поминеме и овој период

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку писмено соопштение им го честитана сите граѓани на Република Македонија 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и азбука.

„На денешен ден пред 75 години македонската азбука е усвоена како официјално писмо на македонскиот јазик.

Блаже Коневски велеше јазикот е нашата татковина, а Крсте Петков Мисирков напиша дека постои македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.

Денеска како никогаш порано македонскиот јазик и нација се ставен пред премрежије и негација поради лошите и непромислени политики на актуелната власт. Штетната политика на власта ја отвори вратата на пропагандите, негациите, проблемите.

Нашето вековно постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена и замената со желбата за моќ и пари на оние кои управуваат со власта. Тие сакаат да управуваат и тргуваат со нашето постоење. Со едната рака покажуваат како го бранат јазикот, со другата го раскрчмуваат“, рече Мицкоски.

„Но сакам да потенцирам дека јазикот е жива материја и истиот опстојувал со веков и ќе продолжи да опстојува и понатаму без разлика кој и да сака да го загрози.

Македонската нација и јазик поминале низ поголеми премрежија, но останале тоа што се. Ќе го поминеме и овој период како што доликува.

Повикувам на поголема свесност на негување и зачувување на нашиот јазик.

Дозволете ми уште еднаш да ви го честитам 5 мај- Денот на македонскиот јазик и азбука со желба за долг и вековен развој“, посака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката

Манифестација „Денови на Благоја Корубин“

Ана Ололовска