Меѓународната награда „Гоцева мисла“ за Данијела Костадиновиќ

Од:

Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава ќе и биде доделена на Данијела Костадиновиќ (1973) од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш. Наградата ја добива за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови, преводи и книги од македонски автори на српски јазик.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ во чест на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Костадиновиќ е автор на делото Психолошкото во романите на Абаџиев и Георгиевски: екстровертните и интровертните психолошки типови во романите Пустина од Ѓорѓи Абаџиев и тетралогијата Црно семе од Ташко Георгиевски.

Досегашни добитници на наградата се Златко Крамариќ од Хрватска и Олга Панкина од Русија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска