Меѓународна мултимедијална изложба „Вечното танго“ во галерија „КО-РА“

Од:

Во сите салони на галерија „КО-РА“ во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје од 12 февруари е отворена меѓународна изложба од мултимедијален каректер со учество на бројни уметници од Република Северна Македонија и од надвор: од Аргентина, Мексико, Нови Зеланд, Канада,, Израел, Обединето кралство Велика Британија, Холандија, Австрија, Финска, Норвешка, Франција, Р.Словенија, Република Хрватска и Турција.

Изложбата инспирирана од музиката на златниот период на тангото и славниот композитор Астор Пјацола обединува бројни уметници од разни сфери на уметноста, визуелните уметности, сликарство, графика, дизајн, скулптура, видео, инсталација, реди мејд објекти, рачно изработени дизајнерски предмети, облчека и накит, музика, поезија, танц …

Оваа година како коорганизатор се придружиа и Светските уметнички игри WAG Фестивалот со кој Ј.У Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје оствари успешна соработка во рамките на нивното гостување во август 2023 со мултимедијална програма која го одбележа шестото издание на WAG во објектот Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, каде се претставиа бројни учесници од повеќе земји европски и воневропски. Изложбата ја отвори историчарката на уметноста Виолета Калиќ,куратор на овој проект а отворањето беше проследено со вдахновена изведба на повеќе дела на гитара од Ангеле Митревски. Традиционално овој мултимедијален проект го одбележува учеството на танчерите од Студиото за танц „Фамилија Тангови“ кои се непосредна инспирација и за нови ликовни остварувања. Во текот на нивниотѕ танц перформанс ликовната уметница Сарита Конеска ги создавашае цртежите непосредно инспирирани и вдахновени од музиката и танцот.

„Целта на овој проект е токму преку уметноста која здружува разнородни изразни форми да се воспостави континуирана соработка со уметници од повеќе земји од светот со цел за поширока афирмација на нашата култура и уметнсот во регионот на ЕУ но и надвор. Изложбата која оваа година обедини преку седумдесет учесници од земјата и од надвор, од петанесет различни земји, и ја потврди таа мисија која уметноста ја има да ги надминува границите и да здружува разнородни ентитети, култури и изразни сензибилитети како музиката на ова славно танго кое опстојува повеќе од едно столетие како културолошки феномен и ги обединува љубителите на оваа уметност ширум светот како една маркантна и инспиративна метафора која оставила трага во повеќе сфери на уметноста,а ја одразува таа чудесн хармонија на контасри во толку моќно и ненадејно преобликување кои ја воспејуваат љубовта, занесот, копнежот, но и болката и страдањето, преточени во драматичноста на гестот, експресијата и суптилната лиричноста едновремено“, истакна Виолета Калиќ куратор на овој проект кој ги носи и обединува насловите на славните танга „Танго Обливион“, „Либер Танго“, „Танго Жалузије“, Танго Нуево“…

Помеѓу учесниците се : м-р Стефан Јакимовски, м-р Зоран Јакимовски, м-р Симона Јакимовска, Решат Амети,м-р Наталија Пулејкова Радеска, м-р Марија Светиева, м-р Билјана Билбилоска,м-р Христина Зафировска,м-р Марија Рашковиќ, м-р Перо Кованцалиев, Зулејха Али Зубери, Љупчо Бојаров, Ангел Димовски Чауш, Афрдите Кики, Нела Јанковска, м-р Петра Јовановска, Наим Исени, м-р Славица Танеска, м-р Биљгаип Кочиште Биге,м-р Борјана Божиновска, м-р Соња Поповска Трајковска, Ивона Велковска, Ангелца Стоиљковиќ, Љубе Алексовски, Ацо Таневски, Росица Лазеска, Верина Николова, Сарита Конеска, Виктор Бранѓолица, Андријана Андреева, Маја Николовска, Анита Огњановска, Гордана Винчиќ, Мартин Буровски, Гентијана Уручи, Петар Кирановски, Ленче Коцевска, Жанета Радевска Спировска, Тања Кузманоска, Свтелана Пецакова, Александра Вељановска.

Од Аргентина се престави со своето дело Кристина Кари, од Австрија Олга Зминко, од Република Хрватска Горанка Станиќ, од Финска, Ауне Матила и Паиви Ихамаки, од Норвешка: Елфи Свердруп ,и Матис Матисен, од Турција: Зејнап Асли Костепен,од Р.Словенија : Слаѓана Матиќ Трстењак, од Израел: Естер Каханер, Ронит Корен Илоуз, Шула Рос, Ариел Сегал, Мири Фројд Мајблум, Тамар Истрин, Од Канада Наим Исени, од Франција ,Верина Николова Соуважон, од Мексико : Ингрид Роса, Алисиа де Минер, од Холандија :Бикел, од Велика Британија Ванеса Гарсајд. Аурора Анхелика Агињера Диаз де Леон, од Нов Зеланд: Лореин Бити, .

Поетите од повеќе земји се дел од овој мултимедијален проект помеѓу кои се : Матис Матисен од Норвешка, Ванда Фуртшегер од Австрија, Јадранка Грос од Австрија, м-р Јамсинка Блажевиќ Пауновиќ од Република Хрватска, Ванеса Гарсајд од В Британија.

Во рамките на овој проект предвидена е музичко поетска вечер со настапи на повеќе поети од Р.С.Македонија како и интерпретација на стиховите на поетите од другите земји на англиски и на македонски јзаик.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“