Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и светот“

Од:

Во Охрид денеска во видоизменети услови наметнати од епидемијата на Ковид-19 ќе се одржи годинешната Меѓународна конференција „Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и светот“.

На конференцијата што ќе се одржи по пат на видео-врска ќе биде врачена и годинешната Светската награда за хуманизам за 2021 година што оваа година Охридската академија на хуманизмот ја додели на професорот Абдулах Шарчевиќ, редовен член на Академијата на науките и уметностите на БиХ и еден од водечките филозофи и мислители на Балканот и поширко во Европа.

Предвидено е конеренцијата да ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а свои обраќања да имат и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, Жан-Патрик Конрад – Претседател на Европската академија на науките и книжевностите во Лондон, Ралица Русева – Историчар на уметноста од Бугарија, Рикардо Бризи – Социолог на Универзитетот во Болоња, професорите Фабрис Далмеида и Пантеон Асас од Универзитетот Сорбона.

За годинешниот лауреат кој е 15 по ред добитник на оваа престижна награда што се доделува во Охрид, пригодни беседи ќе имаат амбасадорот Јордан Плевнеш, а ќе биде прочитано и словото што за професорот Шарчевиќ го има срочено неодамна починатиот академик Георги Старделов.

Охридската нарада за хуманизам е активност осмислена во насока на возобновување на духовната меморија за првата средновековна школа на хуманизмот основана од Светите Климент и Наум, учениците на Св. Кирил и Методиј – заштитниците на Европа.

Инаку, Професорот Шарчевиќ е петнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО веќе овенча светски великани меѓу кои нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка