Меѓународна изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“ во Прилеп

Од:

Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот ќе биде отворена меѓународната изложба „Уметност, меѓународна група и пријатели“, на која ќе бидат претставени дела од 15 уметници од Русија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Италија, Германија, Романија и од нашата земја.

Изложбата е дел од годишната програма на Центарот поддржана од Министерството за култура, во соработка со Интернационалната уметничка група „Соло“ и Меѓународниот културен центар од Москва.

Изложбата ги нагласува идеалите на пријателството и меѓународната соработка. Уметниците кои учествуваат на оваа меѓународна изложба ги споделуваат своите култури, јазикот и традициите со уметници чии земји ги посетуваат. Универзалниот јазик на уметноста станува нивниот медиум за комуникација со сите.

Изложбата претставува уметнички дела на уметници од групата „Арт Интернационал“ и пријатели на групата. Од оваа меѓународна група велат дека организирањето изложби во различни земји привлекувалокални уметници во проектот, на кои, исто така, им се дава можност за заедничко учество во нашите идни.

На изложбата ќе бидат претставени делата на уметниците: Светлана Еланцева од Велика Британија, Светлана Соло и на Фјодор Сухинин од Русија, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски и Душан Коцев од Северна Македонија, Павлинка Боботанова Копано, Маргарита Г. Иванова, Светлозар Недев и на Гајана Доброволскаја од Бугарија, како и на Тодор Шурбанеску од Романија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“