Меѓународна изложба на копаничарски дела отворена во Кавадарци

Од:

Меѓународна изложба на копаничарски дела беше отворена синоќа во Музеј – галерија Кавадарци.

Томе Крстевски, виш кустос во Музејот, куратор на изложбата, рече дека најстарите споменички вредности, изработени во резба на територијата на Македонија, се наоѓаат во Охрид, каде што живеел и творел големиот македонски и сесловенски книжевник и просветител Климент Охридски.

-И не случајно до ден денес е зачувана неговата скулптура во Црквата Свети Климент, изработена во висок релјеф, а која временски му припаѓа на крајот на XIII век и почетокот на XIV век. Неизбежно е да се спомене за резбарството во Тиквешијата во текот на XVI век, со значајните и врвни дела во манастирската Црква Свети Ѓорѓи Полошки, со најзначајните резбарски дела Голем крст со Распетие Христово, полиелеј, двокрилната врата од црквата, две двокрилни врати од припратата на северниот и западниот дел од игуменскиот стол и две надверја, појасни Крстевски.

Тој додаде дека копаничарството во својот развој продолжува со македонските тајфи и центри кои се дел од специфичната и автохтона македонска резбарска школа.

-Невозможно во оваа прилика е да не се спомене Петре Филиповиќ – Гарката во контекст на македонските тајфи кои биле дел од копаничарството кон крајот на XVIII век и почеток на XIX век. Гарката преку своите дела ја покажува својата виртуозност покажувајќи ја љубовта и посветеноста, огромното уметничко знаење и висок уметнички дострел во копаничарските вештини, рече Крстевски.

Информираше дека копаничарите кои се дел од изложбата со свои дела, со својата дарба, љубов и посветеност, меѓу другото, имаат цел за заживување, негување и развивање на традиционалната уметност.

Негови соработници се кустосите Билјана Галабова, Трајче Цветков и Елизабета Ристова.

Покровители на изложбата се кавадаречкиот градоначалник и Совет на општината Кавадарци.

Пред присутните се обрати и директорката и главен уредник на изложбата, кустос советникот Весна Ѓорѓиева.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“