Меѓународен конкурс за карикатура „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”

Од:

Општина Крива Паланка и авторот на Меѓународниот Конкурс Невестинско поклонение на свети Теодор-тирон, Стојанче Величковски, го распишаа Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Мажот како колатерална штета во односот снаа-свекрва”.

Според критериумите за пријавување еден автор може да учествува со максимум четири бестекстуални карикатури, а со пополнување на формулар учесникот потврдува дека авторското дело е негова лична интелектуална сопственост.

Делата се доставуваат исклучиво во електонска форма со кратка биографија на авторот.

Краен рок за пријавување е 20 јануари 2016 година, а на истиот датум ќе бидат објавени и резултати. Пристигнатите творби ќе ги оценува жири комисија составена од еминентни карикатуристи од Македонија и Бугарија, како и Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка, Стојанче Величковски, графички дизајнер, автор на конкурсот и Драган Величковски, директор на Градски Музеј – Крива Паланка.

Најдобрите три карикатури ќе добијат награди и тоа: прва награда „Трофеј Невестулка” и парична награда од 250 евра, втора награда , диплома и 200 евра и трета награда – диплома и 150 евра. Жирито ќе додели и специјална награда за најдобра колекција.

Би можело да ве интересира

„На тенок мраз“ изложба на карикатури од Лазо Плавевски во МСУ – Скопје

Ана Ололовска

Изложба на карикатури на тема корона од Миле Манчевски

Ана Ололовска

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Златни плакети за карикатуристот Дору Аксинте и за афористичарот Миле Ѓоргиоски

Ана Ололовска

Меѓународни награди за тројца македонски карикатуристи

Ана Ололовска

Отворен Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Ана Ололовска