Медиумските студентски гласила се тивки, а студентите нељубопитни

Од:

Студентите се апатични, злоупотребувани, а образовниот систем мора од мали да ги научи критички да размислуваат, се велеше на денешната трибина „Студентските медиуми во Македонија: што може иднината да научи од минатото?“.

На неформалната панел дискусија Сашо Ордановски, поранешен уредник и новинар во „Млад борец“, се обиде преку директна критика да ги разгори студентите и да се активираат и интересираат.

„Сега ќе се караме. Се е дозволено, само немојте да фрлате столици. Зашто не го слушавте што ви вели професорот, сега јас ќе ви кажам: Вас нема да ве биде. Вие сте еден ефтин комерцијален производ. Вадите списание кое нема никаква субверзија. Што гори во вашите стомаци на 19 и 20 години? Не се прави новинарство за да се затвори бројот“, рече Ордановски, коментирајќи го недостатокот од опипување на границите на дозволеното.

Тој посочи дека кога тој работел во „Млад борец“, немале фондови од амбасади и ги советуваше наредниот број секој да даде 500 денари, поради што тврди дека ќе направат различна насловна. Модераторката го запраша дали тие на тој начин го печателе „Млад борец“, а Ордановски одговори дека морал да ја продаде својата кола, „пеглица“, за да даде пари за списанието.

„Вие знаете колку сте далеку од „Млад борец“? Како од тука до Гватемала.“

Координаторот на Радио МОФ, Стефан Алексиќ, посочи дека студентите не се филтер на општеството и дека тие се апатични и злоупотребени. Укажа дека се борат за читаност и посетеност со медиуми на кои претежно има хумор, мода и интересни факти.

„За медиумот е многу важно да излезе од својот медиум“, рече поранешниот новинар во „Млад борец“, Ѕвездан Георгиевски, посочувајќи дека медиумите мора да поддржуваат одредени активности и активизми. Георгиевски потсети дека кога излезе весникот „Утрински“, медиумот одбираше роман на годината.

603993_634067669952872_1087384078_n

Додека директорката на Високата школа за новинарство и односи со јавноста, Жанета Трајкоска, смета дека студентите имаат страв, поради фактот што вестите кои би требало да се најдат на насловната на списанието, стојат на задните страни. Таа зборуваше дека за одреден успех потребни се две работи.

„Мора да имате идеја и да знаете зошто правите одредена работа“ рече Трајкоска. Таа додаде дека не може да се научи од минатото, бидејќи сега постојат мултимедијални платформи „кои чинат ич пари“.

Имено, поранешниот директор и уредник во „Студентски збор“, Томе Груевски, смета дека меѓу студентите не се случува никакво бранување што на авторитетите не им пречи.

Студентската организација „Излез“ ја иницираше и организираше оваа трибина по повод тригодишнината од постоењето на истоименото студентско списание. Трибината се одржа во ЕУ Инфо центарот.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски

Промовиран Водич за интегритет на медиумите: Испреплетеноста на медиумската сопственост со уредништвото предизвикува сериозна загриженост околу новинарската независност