„Медена земја“ – македонски кандидат за Оскар

Од:

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, при Друштвото на филмски работници на Македонија во состав на: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ангела Несторовска – продуцент, Аксел Мехмед – актер, Сашко Потер Мицевски – филмски монтажер и дизајнер на звук, Игор Ангелов-актер, Дина Дума – режисер и Горан Игњатовски – мејкап дизајнер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2020 година.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, „Еј“ во режија на Васил Христов, „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперковски, „Боите на Преспа“ во режија на Перо Попов и „Џезмен“ во режија на Аљоша Симјановски.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата