„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија

Од:

Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница-галерија во центарот на Скопје, спроти плоштадот „ВМРО“.

Салонот е конципиран за љубителите на книгата и на ументоста да им овозможи да се информираат за најзначајните лектирни изданија за основно и средно образование, како и за најновите дела на познати македонски и светски писатели.

-Посебно место заземаат изданијата објавени на македонски и на англиски јазик за македонската историја и фолкор, за народните носии, везови и накит, потоа за македонските манастири и цркви, за познатите резбарски центри и соборни храмови, како и монографски книги за Македонија, Скопје и Старата скопска чаршија, Охрид, Свети Наум Охридски, Курбиново… велат од „Матица“.

За љубителите на уметноста, пак, достапни се дела на познатите македонски сликари: Ордан Петлевски, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузмановски, Иван Велков,Стефан Хаџи Николов, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Драги Хаџи Николов-Аџи, Ниче Василев, Миле Корубин, Драган Аврамовски-Гуте…

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ