Мастерклас со лауреатот Ед Лакман на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Првата половина од јубилејното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се заокружува со мастерклас на добитникот на наградата „Златна камера 300“ за животен опус, која годинава му припадна на Ед Лакман, со децении во врвот на американските и светските кинематографери.

На денешниот мастерклас во Битола се очекува Лакман да зборува за својот студентски живот на универзитетите во Харвард, Тур – Франција и Охајо, каде во 1969 година дипломирал сликарство и, секако, за бројните филмови во кои се потпишал како кинематографер.

Иако физички хендикепиран, Ед Лакман, деновиве во Битола импресионира со својата креативна енергија и токму затоа со нетрпение се очекува пладневниот мастерклас посветен на неговите кинематограферски почетоци од 1970-тите, за најновите три целовечерни играни филма за оваа и следната година, односно филмот „ Гледачи“ најавен за продукција, потоа филмот „Човекот од Рим“ кој е во претпродукција и „Ненасловениот проект на режисерот од Хејнс“ во постпродукција, со што Лакман се приближува до бројката од 100 снимени филмови.

– Работејќи со многу режисери во САД и Европа, неговиот креативен израз го красат разновидни стилови кои се во зависност од играната или документарната форма, прилагодувајќи се и на креативниот процес и сензибилитет на конкретниот режисер. Дека Лакман секогаш е врзан за камерата зад која со љубов застанува, доказ се и соработките како снимател со уште други познати колеги кинематографери, посочува во описот на опусот на Лакман, уметничкиот директор на ИФФК „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре.

Мастер класот со Ед Лакман ќе се одржи во големата сала на НУ Центар за култура-Битола во која вечер ќе бидат прикажани филмовите во конкуренција – „Ајка“ во кој кинематографер е Јоланта Дилевска од Полска и филмот „Пирани“ во кој кинематографер е Даниеле Ципри од Италија.

Би можело да ве интересира

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска