Мал концерт во чест на Тоше во Ресен

Од:

Лицата корисници на Општинско корисна работа и волонтери на Црвен крст – Ресен денеска изведоа мал концерт во чест на роденденот на Тоше Проески.

Концертот се одржа во заедничките простории на Хумана Преспа, Мобилност Битола, Демир Хисар, Ресен и Општинско корисна работа.

Волонтеррите од клубот на млади на општинската организација на Црвениот крст и корисници на Општинско корисна работа, како што информира секретарот на ресенскиот Црвен крст Наташа Веловска, пееја хитови од прерано починатата македонска ѕвезда Тоше Проески.

– Клубот на млади при Црвен крст Ресен во соработка со корисниците на Општинско корисна работа одлучија роденденот на нашиот Тоше да го прослават со еден мал концерт на кој беа изведени негови нумери, изјави Веловска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 571 активен случај на Ковид-19, Ресен единствен град без заразени во моментов

А1он

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

А1он

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

(ВИДЕО) Шекеринска од Ресен: Владата инвестираше една милијарда евра во инфраструктура за потребите на граѓаните

Ана Ололовска

Ресен доби нов градски пазар, инвестирани 3,5 милиони денари

Ана Ололовска

Обвинето лице од Ресен поради возење велосипед за време на полициски час

А1он