„Мал битолски Монмартр“ на ликовен фестивал во Евора, Португалија

Од:

Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и неколку годинешни учесници предводени од раководителот Коста Хаџи Антоновски денеска отпатуваа за португалскиот град Евора каде што до 12 октомври ќе учествуваат на тамошниот меѓународен ликовен фестивал за деца.

Манифестацијата во Евора се одржува по 14-ти пат но најзначајниот сегмент за тој настан е што ликовната колонија е идентична со „Мал битолски Монмартр“, истакна Хаџи Антоновски пред заминувањето за Португалија.

– Секоја година со задоволство престојуваме во Евора затоа што пред 14 години одлучија да организираат идентична ликовна манифестација како нашата во Битола. Им помагаме во организацијата, во селекцијата на ликовните творби што ги изработуваат децата, а често, како ликовен педагог учествувам во меѓународното жири кое ги доделува наградите на најуспешните ликовни творци што цртаат низ улиците на Евора, изјави Хаџи Антоновски.

Ликовна колонија по примерот на „Мал битолски Монмартр“ се одржува и во Хонг Конг, а од 2014 година ќе се одржува и во Пекинг, информираат од детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ