Македонскиот КИЦ во Тирана промовираше млади сликари од двете земји

Од:

Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана во петокот е отворена заедничка изложба на млади сликари од Албанија и Северна Македонија.

Од Министерството за култура информираа дека на изложбата се претставени дела на една нова генерации уметници – Риза Зибери, Матео Ордев, Ералд Незај, Ренид Тосуни, Самела Балази, Ерисаида Веизај, Беса Мустафаи.

– Независно што сношти беше врнежлива ноќ во Тирана, имаше многубројна млада публика, која возбудено доаѓаше во нашиот КИЦ да ужива во убавините на овие млади уметници. Сликарите се претставија секој со по 3 слики, најмладиот од нив, Матео Ордев има 12 години, изјавил директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Најавил дека наскоро во организација на Културно-информативниот центар во Тирана во главниот град на Албанија ќе гостува Битолскиот театар, со што за првпат во историјата на двете земји ќе биде изведена претстава на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам

Ана Ололовска

Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“

Ана Ололовска

Самостојна изложба на Билјана Билбилоска – „Фрагменти“

Ана Ололовска

„Украс” – самостојна изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева

Ана Ололовска

Во Струмица вечер хуманитарна изложба на фотографии од отец Гаврил

Ана Ололовска

Во Битола отворена изложба Корча – „Во наследство“ од уметникот Спартак Касули

Ана Ололовска