Македонскиот филм „Стела“ ќе го отвори најголемиот регионален фестивал за деца „КИДС ФЕСТ“

Од:

Филмот „Стела“ по големиот успех постигнат во Македонија, продолжува со интернационални успеси. Најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“ ќе го отвори годинешното издание со бесплатна проекција на филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, денеска во киното „Комбанк Дворана“ во Белград.

-„Стела“ е филм за вистината, една, единствена и непроменлива категорија. Ова е филм за сите оние работи што лесно ги забораваме и што може да ни покаже дека сме вредни луѓе, истакна режисерот Вујичиќ, додавајќи дека „ Ако можам да ставам сè во една реченица – „Стела“ е филм за надежта што сите ние треба да ја имаме. Едноставно морав да раскажам приказна за надеж, низ нешто што јас самиот доживеав низ“ мојот живот. .

Би можело да ве интересира

Стела ќе добие куќарка во дворот на министерството за одбрана: Петровска ќе го чува новото милениче на работа и дома

Орце Костов

„Стела“ го отвори филмскиот фестивал во Брач