Македонски филмови во Грузија

Од:

Во киното „Руставели“ во грузиската престолнина Тбилиси  синоќа беше отворен „Фокусот на македонски филмови“ што го организира Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и Грузискиот филмски центар.

На отворањето беа прикажани „Избор филмови од Браќата Манаќи“, кои се и први снимки на Балканот и „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски.

Манифестацијата ја отворија директорите на Грузискиот филмски центар Нана Јанелидзе и на Филмскиот фонд Дарко Башески и режисерот на „Панкот не е мртов“ Владимир Блажевски.

Отварањето, како што соопшти Филмксиот фонд на Македонија, било проследено со голем интерес кај грузиската публика.

Утре во киното „Руставели“ ќе биде прикажан документарниот филм „Плати и жени“ во режија на Атанас Георгиев.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето