Македонски филмови овој месец во Кинотека

Од:

Во рамки на месечната програма за февруари, во Кинотеката се прикажуваат македонски филмови или копродукции со македонско учество. По проекцијата на најновиот игран филм на Милчо Манчевски „Врба“ во саботата, денеска и утре од 18 часот ќе биде прикажан документарниот „Кобра“ на Игор Иванов, а од 20 часот играниот „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши.

„Кобра“, за кој сценариото го напишаа Сашко Насев. Игор Иванов и Томи Салковски, е филм за животната сторија на Шабан Трстена, борач во дисциплината слободен стил, единствениот македонски спортист носител на олимписко злато од ОИ во Лос Анџелес во 1984 година.

Филмот на Куштрим Бектеши, снимен во 2019 година, е македонско-косовско-албанска копродукција. Раскажува за едно „заборавено“ село во кое спокојниот и вообичаен живот е нарушен по доаѓањето на три проститутки во илегалната кафеана на двајца браќа макрои.

Програмата со македонски филмови во Кинотеката ќе продолжи на 10 февруари кога ќе бидат прикажани „Збор“ на Слободан Деспотовски од 18 часот и „Илузија“ на Светозар Ристевски од 20 часот. На 11 февруари ќе биде прикажан „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков од 18 часот и македонско-косовскиот „Враќање“ на Кастриот Абдули од 20 часот.

На 12 февруари Кинотеката ќе прикаже и два копродукциски филма во кои учествува нашата земја: „Жената на мојот живот“ на Антониј Дончев и „Пијавици“ на Драган Маринковиќ.

Македонски филмови во Кинотеката овој месец ќе бидат прикажани и во рамки на Фестивалот на иранско-македонски филм кој ќе се одржува од 17 до 23 февруари. Ќе бидат прикажани „Медена земја“, „Врба“, „Исцелител“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето