Македонската култура ќе биде претставена во Марсеј и Ница

Од:

Македонската култура од денеска до 15 септември ќе биде претставена во Марсеј, градот кој заедно со Кошице оваа година го носи епитетот – европска престолнина на културата за 2013 година, и во Ница, каде што ќе се одржат 7-те Франкофонски игри.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечер во музејот „Куќа на занаетчиството и уметничките занаети“ во Марсеј свечено ќе ја отвори изложбата на традиционални носии и накит од Македонија на НУ Музеј на Македонија.

Изложбата, која веќе  беше успешно претставена и во Брисел, ќе биде извонредна можност за граѓаните и посетителите да се запознаат со македонското богатство на рачно изработени македонски носии со богат колорит и везени декорации кои ги отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи. Отворањето на изложбата ќе биде збогатено и со настапот на Зоран Маџиров, кој ќе се претстави со своето музицирање на стаклени шишиња.

Република Македонија и нејзините уметници ќе бидат дел и од 7-те  Франкофонски игри што ќе се одржат од 7 до 15 септември во Ница. На оваа најмасовна спортска и културна манифестација во светот по Олимписките игри, нашата земја ќе биде присутна по четврти пат. На Франкофонските игри, меѓу претставници на 70 земји од светот, ќе не претставуваат уметниците: Ѓорѓе Јовановиќ (фотографија), Горан Менков (сликарство), Ана Ивановска (скулптура-инсталација), Индиго-квартет и Искра Шукарова (танци), студиото „Брејк а лег“ (хип-хоп) и групата „Д-Џон“ (музика).

Активностите што ќе се реализираат во Марсеј и во Ница, стои во соопштението од Министерството, се уште една потврда за одличната соработка меѓу Република Македонија и Република Франција во областа на културата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ