Македонската филмска продукција повторно со финансиска поддршка од Еуримаж

Од:

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж на својата редовна 160-та сесија што се одржа од 12-16 октомври 2020 година финансиски подржа 29 меѓународни филмски проекти. На листата подржани проекти е и копродукцискиот проект меѓу Албанија и Северна Македонија „Мојата мајка е космонаут“ во режија на Анди Делиана, заеднички проект со македонскиот продуцент „Дрим фектори“ од Скопје.

-Исклучително е значајно што ова е трет филмски проект кој оваа година добива финансиска поддршка од Еуримаж, а во кој свое учество имаат и продуцентите од нашата држава. Претходно поддршка доби проектот „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова и колку што сум информирана, снимањето на филмот веќе е завршено и се наоѓа во фаза на постпродукција. Во оваа прилика да се потсетиме дека и проектот „Зад стоговите сено“, кој е прва копродукција меѓу Грција, Северна Македонија (Сектор филм од Скопје) и Германија по потпишување на Преспанскиот договор, ја доби довербата на овој европски фонд“, изјави Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, македонски национален претставник во Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж.

Од овој месец се отвораат поголеми можности за учество на македонските филмски продуценти во меѓународните копродукции. Од 1 октомври, македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции, наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

-Оваа најзначајна измена придонесува нашите продуценти со многу помалку средства да станат легитимни копродуценти во меѓународните филмски проекти. Се разбира, тука влијание ќе има и квалитетот, кој повеќето од нашите филмски професионалци го имаат. Ова е исклучително важно за земјава поради можностите што се отвораат за поголема, побројна и подинамична копродукциска соработка. Од друга страна, тоа не го оптоварува дополнително буџетот на државата, напротив. Тоа значи дека вкупниот буџет за филмската дејност треба да се зголемува со цел да се овозможи поширок обем на меѓународна соработка, додава Пепељугоска.

Од своето основање во 1988 година Еуримаж поддржал 2.136 меѓународни копродукциски проекти во вкупен износ од околу 619 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето