Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција

Од:

Северна Македонија станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, во која покрај членките имаат право да земат учество и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на интернационални проекти.

Целта на ревидираната Конвенција, информираат од Агенцијата за филм, е да обезбеди правна и финансиска рамка за ко-продукција на долгометражни филмови, во кои се вклучени продукции основани во три или повеќе држави потписнички.

– Тоа значи дека двојно се намалени условите кои мора да ги исполнуваат продукциите за да се сметаат за копродуценти и тоа: Мултилатералните ко-продукции сега имаат минимално учество од 5 отсто (претходен процент 10 отсто), додека билатералните ко-продукции имаат минимално учество 10 отсто (претходен процент 20 отсто), соопштуваат од Агенцијата за филм.

– Задоволен сум што нашата земја добива подобра шанса да биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент. Двојното намалување на условите за учество во филмови што некогаш се многу скапи за нас значи подадена рака во европската кинематаграфија, вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуроимаж ја има надлежноста врз ваквите проекти, но и за истите ќе овозможи споделување на најдобрите практики со цел полесно заокружување на ваков тип на соработки.

Оваа олеснителна околност за македонските продукции официјално стапува на сила на 1 октомври 2020 година.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето