Македонија на 67. издание на Берлинскиот Филмски Фестивал

Од:

Македонските филмови и филмски професионалци од нашата земја и оваа година со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија се присутни на 67-то издание на Берлинскиот Филмски Фестивал (Берлинале) кој се одржува во период од 9 до 19 февруари во Берлин. Најновиот филм на Теона С. Митевска – „Кога денот немаше име“, кој досега два пати беше прикажан пред новинарите и филмските професионалци, официјално ќе ја има својата светска премиера во програмата „Панорама Специјал“ на 14. февруари.

Филмот „Кога денот немаше име“ е четврт долгометражен филм на режисерката Теона С. Митевска, истиот е Македонско – Белгиско – Словенечка копродукција, каде што главен продуцент е Лабина Митевска со продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“. По претставувањето во претходните години со своите филмови „Јас сум од Титов Велес” и „Жената која ги избриша своите солзи”, ова е трето учество на Теона на Берлинскиот филмски фестивал со долгометражен филм.

По повод прикажувањето на „Кога денот немаше име“ во Берлин се присутни режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката Лабина Митевска и сценаристката Елма Татарагиќ, како и шесте млади главни актери во филмот Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов.

Филмот ќе биде прикажан вкупно седум пати за време на фестивалот, од кои два пати на таканаречениот фестивалски „Маркет“ – затворени проекции само за филмските професионалци, кои бесплатно ги обезбеди Берлинскиот фестивал – и пет други проекции за публика каде тимот после секоја проекција ќе има сесија на прашања и одговори со публиката.

„Кога денот немаше име“ на еден од највлијателните и најголеми светски филмски фестивали е претставуван од искусниот агент за продажба Себастијан Шечну и неговата компанија „ЦЕРЦАМОН“.

На Берлинскиот Фестивал во програмата „Панорама Специјал“ ќе биде прикажан и филмот „Реквием за госпоѓа Ј“ во режија на Бојан Вулетиќ кој својата премиера ќе ја има на 13 февруари. Филмот „Реквиеем за госпоѓа Ј“ е во Српско, Бугарско, Македонско, Руско, Француска копродукција, а како ко-продуцент од македонска страна се јавува Томи Салковски од продуцентската куќа „Скопје Филм Студио“. И двата проекти се поддржани од европската агенција за филм „Еуримаж“.

На „Европскиот Филмски Маркет“ оваа година свои проекции ќе имаат најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски – „Година на мајмунот“ и дебитантскиот филм на Ѓорче Ставревски – „Тајната состојка“.

Најновиот долгометражен игран филм „Година на мајмунот“ на режисерот Владимир Блажевски во продукција на Дарко Попов од продуцентската куќа „Панк Филм“ на Берлинале во организација на Агенцијата за Филм на Република Македонија и првиот долгометражен игран филм „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски беа прикажани вчера. Претставувањето на „Тајната состојка“ на Европскиот Филмски Маркет е организирано од страна на компанијата за продажба „WILD“ во соработка со Агенцијата за Филм, а филмот во Берлин го претстави режисерот Ѓорче Ставревски.

И оваа година на „Европскиот Филмски Маркет“ во рамки на Берлинале, Агенцијата за филм на соодветен рекламен простор ги промовира најновите македонски филмови. Оваа година промовирани се филмовите „Тајната состојка’’, „Кога денот немаше име’’, како и „Златната Петорка“ во режија на Горан Тренчовски. Воедно, на маркетот се презентираат и поволностите кои нашата земја ги нуди за снимање во Македонија за странски продукции. Меѓу нив е и правото на поврат на 20% од средствата за снимање на филмски, односно телевизиски проекти, мерка која се применува од нејзиното донесување со Законот за филмската дејност, информираат од Агенцијата за филм на Република Македонија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Во рамки на Берлинале директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска учествуваше на меѓународниот собир на 20-те најпрогресивните филмски фондови од Европа каде што се разговараше за различни национални стратегии кои се користат во филмската дејност согласно новите европски и светски трендови.

Би можело да ве интересира

Берлиналето ќе биде отворено со филм со Изабел Аџани

Ана Ололовска

Сара Климоска од Берлиенале се враќа со наградата за Европски актер во подем за 2021

Ана Ололовска

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале

Ана Ололовска

Филмот „Благодарение на Бога“ пред можна забрана за прикажување во Франција

Ана Ололовска

Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Ана Ололовска