Македонија активно учествува во „Креативна Европа“

Од:

Од земјите кои што не се членки на ЕУ, а учествуваат во „Креативна Европа“, Македонија е над просекот, иако не е лесно да се повлечат средства за проекти, рече Карел Бартак, раководител на Секторот за култура од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија.

Тој кажа дека 28 македонски организации од 2014 година до сега учествувале во проекти за соработка. Во програмата „Креативна Европа“ која што започна во 2014 и трае до 2020 предвидени се 1,45 милијарди евра за 28-те земји членки на ЕУ и за земјите кои што учествуваат во програмата.

– Програмата финансира околу 300 проекти за соработка, во кои се спојуваат три или повеќе оператори. Поддржавме околу 200 книжевни преводи за кои во Македонија има голем интерес. Финансираме 15-ина мрежи ширум Европа кои застапуваат различни сектори и потсектори, како и 17 платформи кои се нов начин на соработка, како што е платформата за поезија Версополис. Имаме посебни проекти за бегалците, годинава имаме повик за проекти за културно наследство, рече Бартак.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски рече дека евроинтеграциите ќе ја зголемат мотивацијата кај културните оператори за учество во европски проекти.

– Министерството во рамки на годишниот конкурс за 2018 година го подобри кофинансирањето на поддржаните проекти од „Креативна Европа“. И покрај предизвиците со кои се соочуваше културниот сектор во изминатите десет години, вредни за истакнување се досегашните резултати на македонските оператори од културниот и аудиовизуелниот сектор, особено на издавачкиот сектор, кој покажа исклучителна посветеност, што резултатираше Македонија да биде во првите шест земји корисници, заедно со Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија и Словенија, рече Алаѓозовски. Тој ја нагласи и важноста од регионална соработка на малите земји во Западен Балкан за порамноправно учество и компетиција на европско ниво.

Би можело да ве интересира

Промоција на културни продукти од програмата Креативна Европа 2014/2020

Ана Ололовска

Oтворени презентации за проекти за Креативна Европа Култура за 2020

Ана Ололовска

Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА

Ана Ололовска

Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ

Ана Ололовска

Презентација на МЕДИА Деск за продуценти и тркалезна маса за филмска критика

Ана Ололовска

Канцеларијата за Креативна Европа – Култура ќе го презентацира проектот „Проекти за соработка“

Ана Ололовска