МакеДокс тргна на 10-тото Патувачко кино

Од:

Екипата на „МакеДокс“ денес (1 јули) тргна кон селото Радожда, струшко, каде ќе биде лоциран базниот камп, а оттаму ќе се упатува кон селата од двете страни на границата. Патувачкото кино на МакеДокс ќе се одржи од 1 до 12 јули и ќе има проекции во села околу двете езера, Охридско и Преспанско езеро од македонската и од албанската страна.

Особено ни е мило што годинава успеавме да ја оствариме идејата Патувачкото кино да стане регионален настан и првпат во неговата реализација се вклучени и партнери од Албанија.

Од 2 до 11 јули ќе се одржат седум проекции во 4 македонски и 3 албански населени места по следниот редослед: Лабуништа (2 јули), Бучимас (3 јули), Вишни (5 јули), Драслајца (6 јули), Пустец (7 јули), Луково (10 јули) и Лин (11 јули).

Паралелно со проекциите на документарните филмови ќе се одвиваат и други активности, како патувачката библиотека на МакеДокс со книги собрани со донаторска акција, а кои на крајот ќе бидат донирани на основното училиште во Радожда. По проекциите во Драслајца, Пустец, Луково и Лин планирани се музички забави, а забавата за загревање ќе се одржи на 1 јули во Кингстон бар во Струга.

Паралелно со Патувачкото кино од 5 до 11 јули ќе се одвиваат сесиите на третата генерација „Докуникулци“, кои оваа година ќе работат во формат на камп за креативен документарен филм, а за прв пат и оваа платформа е поставена регионално со учество на млади од 15 до 18 години од нашата земја, но и од Србија и Албанија.

Партнери на МакеДокс во овој проект се Академијата за филм и мултимедија „Маруби“ од Тирана, Албанија, и Филмскиот фестивал „Слободна зона“ од Белград, Србија.

Патувачкото кино на МакеДокс се реализира со поддршка од македонската Агенција за филм, амбасадата на Германија и овозможено е од Western Balkans Fund.

Детската филмска програма во рамките на Патувачкото кино е направена во соработка со меѓународниот фестивал Док Лајпциг.

Би можело да ве интересира

Почна фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Видеохроникa од патувачкото кино во Преспа

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска