МАИ ќе додели награди за достигнувањата во издаваштвото и книжевноста на Саемот на книга

Од:

Македонската асоцијација на издавачи денеска ќе додели награди за достигнувањата во издаваштвото и книжевноста во период меѓу двата саеми на книга. Доделувањето на наградите ќе се одржи во Промо центарот на Саемот на книга.

Саемот на книга се одржува на отворено кај Аквапаркот во близина на А1 Арена во Скопје.

МАИ ќе додели награди во осум категории, најдобра едиција, најдобро ликовно-графички уредено издание, најдобра книга за деца и млади, најкреативно издание, автор на годината, поттикнување на општествената одговорност, специјално признание за промотор на читачката култура и награда за иновативност.

Македонската асоцијација на издавачи оваа година го организира петтото по ред доделување на награди во областа на издаваштвото и книжевноста.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга