„Маџирмаалски поетски бранувања“ – доделување на награда за најдобра песна

Од:

Во библиотеката „Св Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе бидат соопштени добитниците на наградите на традиционалниот поетски конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“.

Оваа година на конкурсот, чија основна заложба е афирмација на урбаниот живот и афирмација на традициите поврзани со Маџир Маало, пристигнале 35 песни на автори од повеќе градови.

Комисијата за избор на најдобра песна на „Маџирмаалски поетски бранување“ одлучила да бидат доделени една прва награда и две придружни награди на најдобрите песни.

Авторот на најдобрата песна ќе биде награден со пофалница и парична награда од 500 евра во денарска противредност.

„Маџирмаалски поетски бранувања“ е поетски настан што се одржува во рамки на културната манифестација „Маџирмаалски средби“. Ова е трето издание на „Маџирмаалски поетски бранувања“.

Годинава е издаден поетски билтен во кои се сместени сите пристигнати песни од претходните конкурси.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска