„Ловци на вештерки” прикажан на филмскиот фестивал во Злин

Играниот филм „Ловци на вештерки”, македонско-српска копродукција во режија на Рашко Миљковиќ, по светската премиера во Торонто, минатата недела имаше и европска премиера во официјалната програма на филмскиот фестивал во чешкиот град Злин, кој е меѓу најстарите фестивали за детски содржини.

– „Ловци на вештерки” (англ. The Witch Hunters) е приказна за вистинско другарство на две деца. Јован е момче од десет години, роден со делумна церебрална парализа. Неговиот живот е условен од оваа ситуација. Преку својата имагинација тој бега во светот на фантазијата во која, неспречен од физичката попреченост, слободен е да направи се и да биде оној кој сака, еден вид суперхерој, соопшти „Дрим фактори“ – македонскиот продуцент на филмот.

Копродукциски партнер од Србија е „Акција продукција“. Сценариото го напишаа Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ. Играат младите Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф Ирена Атанасовска.

Децата-актери Михајло Милавиќ и Силма Махмут на фестивалот во Торонто ја освоија наградата за најдобри актери „Best children performance“.

– Фестивалот во Злин има посетеност од над 125 000 гледачи, што го прави еден од најпрестижните и најинтересните во таа сфера, соопшти „Дрим фактори“.

Филмот е финансиски поддржан од Филмскиот центар на Србија, Медиа програмата на „Креативна Европа“, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Србија, Град Белград.

Би можело да ве интересира

Проекција на филмот „Лиза-лисицата самовила“

Ана Ололовска

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” доби повеќе признанија, ќе биде прикажан на седум фестивали

Ана Ололовска

Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

Ана Ололовска

„Медена земја“ и „Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ во Карлови Вари

Ана Ололовска

Тинејџерска серија критикувана поради експлицитност

Ана Ололовска

„Наскоро“ можно продолжение на Breaking Bad

Ана Ололовска