Локомоушн по шести пат – фестивал за најновите трендови на танцот

Од:

Шестото издание на фестивалот за современ танц и перформанс – Локомоушн, кое ќе се одржи во периодот од 19. до 25. октомври во Младинскиот културен центар. Шест години по ред Локомотива како организатор на овој фестивал ги презентира најновите остварувања  во доменот на современите изведувачки уметности (современ танц и перформанс) во Европа, регионот и Македонија, и развива дискурзивни пракси преку кои се редефинира позицијата на оваа современа уметничка форма во Европа и кај нас.

-Ова издание на фестивалот ќе понуди реномирани автори и кореографи од Европа,   кои нудат нов, современ уметнички израз преточен во танц и движење, преку кој се преиспитуваат актуелните концепти на уметничка продукција, трансдициплинарните форми на изразување, како и релациите, начинот на комуникација и уметничко вреднување во современите општествени сиситеми и позицијата на современиот уметник во нив.  Како и секоја година фестивалот ќе понуди можност за презентација на македонски автори и дискусија со публика. Исто така во рамките на фестивалот ќе се прикажат и две проекции на снимени изведби на најдобрите европски остварувања во полето на современиот танц, селектирани во рамки на европскиот проект „Life Long Burning“, вели Билјана Тануровска Ќулавковски, директорка на фестивалот.

Во соработка со Штифтунг Културскејпс Швајцарија (Stiftung CULTURESCAPES Switzerland) на Локомоушн#6 доаѓаат истакнатите и светски признати кореографи од Швајцарија: Мартин Шик и Фуфа д’Имобилите.

Мартин Шик, истакнат изведувач и кореограф од Швајцарија, кој живее во Берлин. Во соработка со Laura Kalauz тој го реализира “CMMN SNS PRJCT” (2011), кој се уште е на светска турнеја и “Title” (2009), за која под покротвителство на ZKB во 2009 ја доби наградата на Theaterspektakel Zürich. Во 2012, тој ја реализираше соло претставата наречена NOT MY PIECE во рамките на BBI, која беше селектрана за швајцаски денови на современиот танц во 2013. Неодамна работеше заедно со INTERROBANG во Белин и во моментов е во процес на реализирање на два нови проекта: HOLIDAY ON STAGE (премерно изведен во јуни 2013) и THE REALITY PROJECT (премиерата е закажана за 2014, поддржано од европската мрежа WEB).

lokomoushnОвој иклучителен автор во Скопје ќе се претстави со две интересни и предизвикувачки изведби. Мартин Шик ќе го отвори фестивалот со Спектакуларен гледач/Spectatular Spectator – интерактивна, практично насочена претстава/работилница за и околу публиката.

Од него ќе го проследите и перформансот Полулебтехника (посткапитализам за почетници)/ HALFBREADTECHNIQUE (postcapitalism for beginners).

Техниката ПОЛУЛЕБ е забавен перформанс кој го „предизвикува умот“. Третирајќи го животот во „посткапитализмот“, перформансот го поставува прашањето колку ни е потребно за личен просперитет и го истражува „повеќето“ во „помалкуто“.

Техниката Полулеб прв пат беше претставена пред публиката во Julidans Amsterdam во 2012, и и сега е на турнеја низ цела Европа. Повеќе за оваа техника може да видите на промотивното видео изработено од Мартин Шик: http://vimeo.com/tag:halfbreadtechnique

Фуфа д’Имобилитее роден во Женева во 1969 година. Професионално танцува во Stuttgart Ballet (1987–1990) и со Merce Cunningham Dance Company во New York (1991–1998). Во 1988, тој почнува да создава и да настапува соло и во дуети. Од кога се враќа во Женева, тој ја основа Cie Neopost Foofwa, во 2000 година. Foofwa има направено многубројни танцови видеа, соработувал со уметниците Alan Sondheim, Nicolas Rieben, Christian Marclay, исто така има големи групни претстави поддржани од Netherlands Dans Theater 2, од Bern Ballet и Ballet Junior. Позначајни награди: 1987-Prix Professionnel на Prix de Lausanne, 1995-New York Bessie Award и во 2006-Swiss Award за танц и кореографија. Во 1999 е добитник на грантот за култура на Swiss-based Fondation Leenaards а во 2009 на индивидуален грант од New York-based Foundation for Contemporary Arts.

lokomoushn1

Фуфа д’Имобилитена фестивалот ќе се претстави со Напротив (според Жан-Лик Годар)/Au Contraire (à partir de J-L Godard) изработено во 2010 за Festival d’Avignon.

За оваа претстава Фуфа д’Имобилите е инспириран од Жан-Лик Годар, и ја развива во во филмско (продукциски) стил. Темата на оваа „кореографија на сет“ е средбата: планирани и случајни, контрадикторни и бихејвиористчни, возможни и невозможни средби на луѓе и држави. Фуфа д’Имобилите, се издвојува повторно преку справување со нови, ретко истражени теми, испитувајќи ги кодовите на репрезентација. Инсерт од претставата може да погледнете на ова кратко видео од настапот на реномираниот Festival d’Avignon во 2010 година.http://www.youtube.com/watch?v=UdH3_5kCRH4

lokomoushn2Од Франција пак, од регионот Долна Нормадија доаѓа француската компанија Во потрага за подобар.. # 7 / For Wand of a Better … # 7. Станува збор за уметнички колектив (глас: Дебора Лени, звук: Патрис Грент и слика: Фред Хоке) чии проект се еден вид на уметнички дневник во развој. Тие го напуштаат својот роден град и патуваат заедно кон местото во кое настапуваат. Во моментот кога заминуваат, нивната работа започнува: снимање на видео и звуци, пишување текстови и музика попат; на некој начин собирање на материјали, конкретни и симболични, кои го одразуваат патот кон поставување на преформансот. Секој изведба е различна и инспирирана од патот до и самото место на изведба на претставата. Пред самиот настап пред скопската публика “Во потрага за подобар… # 7” ќе има петдневна резиденција, во Младинскиот културен центар во рамки на која ќе работи на финалното дело. Оваа резиденција е подржана од страна на Францускиот институт од Париз и Регионот Долна Нормадија. Локомотива во соработка со НУ Центар за култура Битола, овозможи претставување на ова дело и пред битолската публика, веднаш по нејзиното гостување на Локомоушн#6.

lokomoushn3По премиерната изведба во Скопје, Младински културен центар во април оваа година, повторно на истата сцена ја имаме претставата „Елегија за Рамно“, ко-продукција на Локомотива и Rebecca Chentinell Company, реализирана како дел од програмската линија за ко-продукции во рамките на европскиот проект “Градина на Европа”. Како ко-авторство: Ребека Шантинел (Шведска), Драгана Заревска, Јасна Димитровска и Дарко Алексовски (Македонија), претставата преку личните искуства на учесниците, се обидува да го одрази односот помеѓу хоризонталната организација предложена како концепт, и нејзините практични манифестации.

Од Македонија со Структуирана импровизација ќе се претстават и студентите од 2, 3 и 4 година од Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет за музичка уметност, отсек за балетска педагогија; програмa: современа танцова педагогија, со кореографија на професор Искра Шукарова.

Како дел од Европскиот проект „Life Long Burning“ во рамките на Локомоушн#6 може да се видат и две снимени изведби на претстави, и тоа:

Хетерономен маж/Heteronomous male од Мајкл Турински (Австрија), снимена изведба од Импулс Танц фестивал 2013, Виена и

Убавицата и зверот/Beauty од Аманда Апетреа (Шведска) и Хала Олафсдотир (Шведска/Исланд), добитник на наградата Градина на Европа 2013.

Програма на Локомоушн#6:

19 октомври, 2013/сабота

20.00: Спектакуларен гледач, автор: Мартин Шик (Швајцарија)

20 октомври, 2013/недела

20.00: ТехникаПолулеб (посткапитализам за почетници), автор: Мартин Шик (Швајцарија)

21 октомври, 2013/понеделник

20.00: Структуирана импровизација

Студенти од 2, 3 и 4 година, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет за музичка уметност, отсек за балетска педагогија; програмa: современа танцова педагогија, професор: Искра Шукарова

20.30: Елегија за Рамно

автори: Ребека Шантинел (Шведска), Драгана Заревска (Македонија), Јасна Димитровска (Македонија), Дарко Алексовски (Македонија)

21.00: „Хетерономен маж“, автор: Мајкл Турински (Австрија)

Проекција на видео снимката од изведбата на перформансот во рамки на Импулс Танц фестивалот 2013 во Виена како дел од проектот Life Long Burning

22 октомври, 2013/вторник

20.00: Во потрага за подобар… # 7, автори: Дебора Лени, Патрис Грент, Фред Хоке (Франција)

24 октомври, 2013/четврток

19.00: Место за движење

Проекција на снимка од изведбата на перформансот и дискусија: „Убавицата и ѕверот“ на Аманда Апетреа (Шведска) и Хала Олафсдотир (Шведска/Исланд), добитници на наградата „Градина на Европа“ за 2013 година како дел од проектот Life Long Burning

25 октомври, 2013/петок

20.00: Напротив(споредЖан-Лик Годар), автор: Фуфа д’Имобилите (Швајцарија) 

Локомоушн#6 се реализира во партнерство со Младинскиот културен центар.

Фестивалот финасиски е поддржан од: Штифтунг Културскејпс Швајцарија, CIVICA Mobilitas програма, Министерство за култура на Република Македонија и Град Скопје.

Фестивалот се реализира во рамките на годишната програма на Локомотива, поддржана од програмата CIVICA Mobilitas –  имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ