„Љубов“ на Ханеке освои пет Цезари

Од:

Филмот „Амор“ (Љубов) на Микаел Ханеке освои пет награди Цезар на синоќешната 38. церемонија на Француската филмска академија, јавува допсиникот на МИА од Париз.

„Амор“ на Ханеке ја продолжува жетвата на награди по Златната палма во Кан и пред доделувањето на Оскарите, синоќа во Париз во театарот Шатле се закити со Цезар за најдобар филм, за најдобар режисер, за најдобро оригинално сценарио, за најдобар актер за Жан-Луи Трантињон и најдобра актерка за Емануел Рива.

Филмот ја раскажува љубовната приказна на една осумдесетгодишна двојка, интерпретирана од Жан-Луи Трантињон (82 години) и Емануел Рива (86 години). Ниту актерот, ниту режисерот не беа вчера во Париз на сцената на Шатле, единствено Емануел Рива осамена се довери дека е „Тешко да се биде осамена со ова, тоа е многу скапоцено. Ова е прашање кое се однесува на сите нас, оттука и успехот на филмот.“ Филмот во Франција го видоа 680.000 гледачи и над 1,7 милиони во странство. Тој веќе има освоено 12 меѓународни нагаради и е номиниран пет пати за Оскар.

Според бројот на статуетките Цезар следува филмот „Рѓа и коска“ на Жак Одиар со четири цезари за најдобра адаптација, најдобра оригинална музика, најдобра машка надеж за Матиас Шонертс и најдобра монтажа.

Филмот „Име“ на Матио Делапорт и Александр де ла Пателиер освои два Цезари за најдобра споредна улога, едниот за Гијом де Тонкедек и другиот за Валери Бенгиги.

„Збогум на кралицата“ на Беноа Жако, кој беше меѓу фаворитите освои три Цезари во техничката категорија за декор, костум и фотографија. Изиа Хижелан го доби Цезарот за најдобра женска надеж во филмот „Лоша девојка“ на Патрик Мил.

„Камиј повторува“ на Ноеми Лвовски, голем фаворит на вчерашната церемонија со 13 номинации, не успеа да добие ниту еден Цезар.

Би можело да ве интересира

Филмот „Наполеон“ конечно ќе ја види светлината на денот

Предраг Петровиќ

Подгответе се за празниците: Список на нови божиќни филмови

Предраг Петровиќ

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

„Бизнисот на задоволството“ во друштво на Оскаровци

Пол Мескал глуми во филм кој ќе се снима повеќе од 20 години

Горан Наумовски

Интернационална премиера на филмот „Досие Иднина“ на филмскиот фестивал во Нанси